Македонија
15. March 2024 - 16:45

Уште 3 дена увид во избирачки список - ќе гласаат и оние со истечени документи но не постари од 9 месеци

Уште три дена граѓаните имаат рок да направат увид во избирачкиот список и да побараат впишување или бришење во истиот. 

И со истечени документи но не постари од девет месеци, оние кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори. Ќе можат да гласаат и лицата кои до датумот на закажани избори односно до 24 април или до 8 мај наполниле 18 години. Но ДИК вели дека овие лица мора да покажат лична карта или пасош за да им биде дозволено да го исполнат избирачккото право. 

За дијаспората останува условот дека доколку немаат адреса на живеење во Македонија нема да можат да гласаат и на двата изборни циклуси. Според Комисијата во однос на парламентарните избори, доколку во избирачките места во странство не се пријават најмалку 10 граѓани, гласање нема да има. 

Досега или заклучно со 14 март, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци во избирачкиот список направиле 4859 лица. Од дијаспората пак засега се пристигнати вкупно 1476 пријави од кои 1126 се прифатени.