Уште 22 волонтери од охридската болница добија решенија за вработување
Последната група од 22 волонтери во охридската Општа болница денеска ги добија решенијата за трајно вработување.
Со денешните решенија за трансформација од привремен во траен работен однос вкупно 76 лица кои како волонтери подолг временски период работеа како лаборанти, медицински техничари, хигиеничари, болничари и возачи во охридската болница веќе се редовно вработени и обезбедуваат примарна егзистенција.
Според директорот на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид Љубен Арнаудов, изминатите неколку месеци во општата болница во Охрид направени се повеќе вработувања, а во тек се и дваесетина специјализации.
- Имаме дваесет и тројца лекари што се на специјализација, а веќе се примени и двајца специјалисти. Станува збор за триесеттина нови лекари што се примени во болницата што е бројка за респект. Утре завршува конкурсот за нови три лекари три емдицински сестри една акушерка и еден лаборант, изјави Арнаудов.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта