Тенис
7. September 2016 - 9:35

УС Опен: Ново - 10.то полуфинале за Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ десетти пат по ред ќе игра во полуфиналето на Грен слемот УС Опен.
 
Во четвртфиналето, ноќеска во Њујорк, противникот на Ѓоковиќ, Жи-Вилфред Цонга од Франција, поради повреда на левата нога го предаде мечот при резултат 2-0 (6:3 и 6:2) за српскиот тенисер.
 
Ова е трет меч од последните четиори што Ѓоковиќ да го добива по откажување на противникот.
 
Негов противник во полуфиналето ќе биде уште еден Французин, Гаел Монфилс, кој вчера го совлада својот сонародник Лукас Пул со 3-0 (6:4; 6:3; 6:3).
 
Во другото полуфинале ќе играат победниците од мечевите што се играат вечерва:
 
Кеи Нишикори (Јапонија) – Енди Мареј (Велика Британија) и 
Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) – Стан Вавринка (Швајцарија).