-->
-->
УС Опен: Елиминација на Возниацки, победи за Мареј и Федерер
-->
Последниот меч од второто коло одигран синоќа на УС Опен го донесе и најголемото изненадување. Петра Цетковска од Чешка успеа со 2:1 во сетови да ја победи ланската финалистка Каролине Возниацки од Данска. За пласман во следната рунда се водеше голема борба, а во решавачкиот сет победничката беше решена по тај брекот – 6:4; 5:7 и 7:6 (7:1) во сетови.
На чекор до елиминација беше и Енди Мареј во мечот со Адриан Манарино, кој водеше со 2:0 во сетови, но сепак Мареј го доби мечот со 3:2 и притоа ривалот освои само пет гемови во трите последни сетови.
Од фаворитките пласман во следната рунда обезбедија: Петра Квитова, Сара Ерани, Викторија Азаренка и Симоне Халеп, додека кај мажите Рожер Федерер одигра уште еден одличен меч за влез во третото коло, каде се пласираа уште и Стан Вавринка, Виктор Троицки, Џон Изнер и Томаш Бердих.
Денеска се играат првите мечеви од 3.коло во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник