-->
-->
УС Опен: Буста и Андерсон полуфиналисти
-->
Шпанецот Пабло Карено Буста и Кевин Андерсон од Јужна Африка ќе играат во првото полуфинале на УС Опен во Њујорк. Буста во три сета го совлада Диего Шварцман од Аргентина со 3-0 (6:4; 6:4 и 6:2). Многу понеизвесен беше четвртфиналниот меч меѓу Андресон и Американецот Сем Квери, кој заврши во четири сета, а во три се играше тај брек. Резултат по сетови: 7:6 (7-5); 6:7 (9-11); 6:3 и 7:6 (9-7).
За двајцата тенисери пласманот во полуфиналето е нивни најголем успех во досегашната кариера.
Вечерва се играат другите два четвртфинални дуела: Рафаел Надал - Андреј Рублев и Рожер Федерер - Хуан Мартин Дел Потро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани