Тенис
12. September 2016 - 9:48

УС Опен: 2000 АТП поени и 3,5 милиони за Вавринка

Стaн Вавринка е новиот шампион на отвореното првенство на САД во тенис. Швајцарецот, во финалето, на последниот Грен слем во сезоната, го победи бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-7, 6-4, 7-5, 6-3 ). Вавринка освои 2.000 АТП поени и 3,5 милиони долари.
 
Стан Вавринка блескаше против првиот носител Новак Ѓоковиќ и во Њујорк успеа да ја oсвои својата трета Грен слем титула. Претходно Вавринка победи на Австралија Опен во 2014 и Ролан Гарос во 2015 година.
 
Швајцарецот во Њујорк ја забележа само петтата победа над Ѓоковиќ во нивниот 24-ти меѓусебен дуел, но исто така тој ја запиша втората победа против српскиот тенисер во исто толку меѓусебни соочувања во финалните мечеви на Грен слем турнирите.