УС: Федерер со загубен сет во второто коло
Петкратниот победник на Ју-Ес опен, Роџер Федерер, успеа да се пласира во второто коло на турнирот.
Федерер во последниот меч на стадионот „Артур Еш“ се мачеше против анонимниот Сумит Нагал од Индија. Швајвцарецот против 190 играч на АТП листата, кој низ квалификациите се стигна до главниот турнир, го загуби првиот сет со 4:6, а потоа ги доби наредните три со 6:1, 6:2, 6:4.
Со оваа победа Швајцарецот избори пласман на завршниот мастерс во Лондон.
Федерер во второто коло ќе игра против Босанецот Дамир Џумхур, кој исто така во четири сета го победи Елиот Беншетри од Франција (4:6, 6:2, 6:3, 6:0).
Првото коло без поголеми проблеми го минаа Вавринка, Медведев, Чориќ, Нишикори, Гофан…
Ју-Ес опен заврши за Томаш Бердих. Чехот испадна од 394 на АТП листата Американецот Јенсон Бруксби. Треба да се напомене дека Бердих поради повредата со која се мачи подолг период не ниту сенка од играчот што речиси една деценија беше во Топ 10.
Ново на Сител
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен слаб дожд