Урсула фон дер Лајен се обраќа пред ЕП во годишен говор за предизвиците
– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го одржи својот годишен говор пред Европскиот парламент во Стразбур за состојбата на Унијата.
Фон дер Лајен ќе нагласи што ќе направи Комисијата за решавање на најсериозните предизвици со кои се соочува Унијата – борба против Ковид-19, закрепнување од пандемијата, мерки против климатските промени, вклучително и зелена и дигитална транзиција, безбедност и миграција.
Уште на крајот на јули, претседателката на комисијата објави дека целта на 70 проценти од возрасната популација на Унијата да биде имунизирана против коронавирусот до крајот на летото е постигната, но предупреди дека предизвиците остануваат со новите мутации. Загриженоста останува по настаните во Авганистан, бидејќи Европа стравува од нов бран мигранти. Секоја година во септември, претседателот на ЕК држи говор пред Европскиот парламент, кој ги бележи достигнувањата во изминатата година и ги претставува приоритетите за следната.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата