Живот
24. August 2017 - 11:01

Уривање на еден урбан мит: Наргилето сепак е поштетно од цигарите

Многумина сметаат дека пушењето наргиле е помалку штетно од конвенционалните цигари, па претпочитаат да веруваат во тоа, со цел - да ја смират својата совест околу уништувањето на своето здравје. Сепак, науката смета дека тоа е само мит.

- Пушењето наргиле е всушност многу поштетно од цигарите, бидејќи количеството чад што се внесува во белите дробови од едно испушено наргиле, е еднакво на 100 цигари, посочува бугарскиот пулмолог, д-р Софија Ангелова во интервју за БТВ.

- Просто, нема нештетно пушење! Што и да се пуши, ние внесуваме токсични материи што можат да доведат до хронични белодробни заболувања, и тоа сериозно да му наштети на пушачот. Апсолутна заблуда е тоа дека водата во наргилињата го филтрира чадот, нагласува натаму докторката.

Натаму, таа појаснува дека белиот дроб се развива до 25-годишна возраст.

- Дишниот систем на 14, 15, 16-годишниците се уште не е целосно развиен. Ако еден млад човек почне да пуши, хроничното заболување е речиси неизбежно, додава таа.

Според неа, самиот пристап до наргилето треба да биде ограничен.

- Имено, родителите треба да мислат на здравјето на своите деца. Информирајте се!, гласи нејзиниот заклучок.