-->
-->
Уринираат по себе, бидејќи немаат право на пауза: Работниците не смеат ни да јадат, ни да пијат вода во работното време
-->
"Секогаш се насмевнувам кога ќе го слушнам слоганот "Ние водиме сметка за вашето пилешко", меѓутоа, ни тие не водат сметка за нас", рекол поранешниот работник Албиус Латор.
Потрошувачката на пилешко во Америка се зголемила за 30 проценти во претходните 20 години, и во склад со тоа неопходно e и поголемо производство. Конкуренцијата на пазарот е голема, па компаниите сакаат да ја намалат цената на пилешкото за да им парираат на останатите произведувачи. Тоа ќе успее доколку успеат да пронајдат евтина работна сила. Во превод, сите компании вработуваат работници кои уринираат по себе, не јадат, не пијат - немаат паузи!
"Луѓето уринираат по себе затоа што не им е дозволено да користат тоалет", рекол Педро, поранешен вработен во компанијата "Tyson", пренесува Telegraf.rs.
На основа на американскиот извештај на "Oxfam", работниците во фабриките имаат една пауза од половина час, која не е доволна за сите потреби. Константно се под притисок да работат побрзо и поинтензивно, а често се случуваат и да уринираат по себе бидејќи не стигнуваат да одат до тоалет. Или не смеат...
Работата е малку платена, и секој работник добива помалку од 10 долари на час.
"Секогаш се насмевнувам кога ќе го слушнам слоганот "Ние водиме сметка за вашето пилешко", меѓутоа, ни тие не водат сметка за нас", рекол поранешниот работник Албиус Латор.
Дали човечкото достоинство вреди како едно парче пилешко?
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот