Ураганот Ирма ја уништи зградата на француската Влада на Карибите
Ураганот Ирма предизвика голема штета и поплави на Карипските Острови, а францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом денеска изјави дека на островот Свети Мартин уништена е зградата на француската Влада.
- Уништени се четирите најцврсти згради на островот Свети Мартин, што значи дека најверојатно настрадале и други послеби објекти, посочи Колом.
На островот во прекин е снабдувањето со електирчна енергија, додека на Свети Бартоломеј, каде живеат околу 9.000 луѓе, ураганот ги попречува комуникациите.
Во францускиот дел на Свети Мартин живеат околу 40.000 луѓе, колку и на холандската страна од островот.
Ураганот Ирма прерасна во петта категорија, а брзината на ветерот достигна брзина до 300 километри на час. Тоа е најсилен ураган во последните десет години што го погоди Свети Мартин.
Поради ураганот прогласена е вонредна состојба во Флорида, во Порторико и на Девствените Острови, додека властите на Бахами соопштија дека најверојатно ќе ги евакуираат жителите од шесте јужни острови.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово