Македонија
5. October 2019 - 11:45

Управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал - тешко повреден

Синоќа  во 13.10 часот на крстосница од улиците „Никола Карев“ и „Симеон Кавракиров“ во Скопје, С.С.(35) од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.