Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на уставен судија Елизабета Дуковска, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 10 април 2023 година.
-Управниот суд, со оглед на зголемениот јавен интерес за предметот У-5.бр.380/2025, ја известува јавноста дека Судот донесе Пресуда У-5.бр.380/2025 од 15.05.2025 година, со која ја уважи тужбата на тужителот Антоанета Димовска од Скопје, а Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание на Република Северна Македонија, ја поништи, стои во соопштението од Управен.
Одлуката следува по тужбата на членот на Судски Совет, Антоанета Димовска, која Управен ја уважи.
Дуковска е судија-известител за предметот со Законот за јазиците чија подготвителна седница беше закажана за 19 јуни.
Поништувањето на нејзината изборна постапка ја враќа на нејзиното претходно работно место во Апелациониот суд Скопје.
Ново на Сител
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа