Македонија
7. February 2020 - 17:48

Управителот на Еко клуб повеќе не е почесен конзул на Унгарија

Управителот на Еко клуб повеќе не е почесен конзул на Унгарија. Оваа одлука доаѓа по само три дена откако градоначалникот на Скопје го обелодени скандалозното видео со медицински отпад на фирмата .  Во МНР пристигнала нота со која Унгарија го отповикува Јанакиевски. Без образложение отповикувањето стапило на сила веднаш.

Постапката е веќе започната во МНР, ваквата одлука на унгарското МНР треба да биде констатирана во Владата.

– Во текот на вчерашниот ден, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со Нота, добиена од Амбасадата на Унгарија во Скопје е известено дека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто го отповикува од мандат Сашо Јанакиевски, Почесен Конзул на Унгарија во Битола.

Управителот на Еко Клуб за Сител ја потврди оваа информација тој тврди дека сам побарал да не биде повеќе почесен конзул за да не го поврзуваат со одредени политички структури. А партиите и денеска се препукуваат за скандалот со отпадот во Еко клуб.

Техничкиот премиер Спасовски апелира истрагата да заврши што поскоро.

Отпадот од Италија пак кој беше товарен во 15 камиони не бил опасен покажале испитувањата на мострите во лабораторијата во Естонија. Министерството за животна средина ги доби резултатите според кои овој отпад ги задоволувал европските стандарди за црстви обновени горива.

Камионите беа задржани како сомнителни на граничниот премин Богородица пред десетина дена а отпадот е наменет за фабриката Усје.