Македонија
31. May 2022 - 15:40

Употребил прекумерна сила врз лице од пробиштипско село, кривична за полицаец

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип поради „малтретирање во вршење на службата“ за кого ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Г.А., од Пробиштип, вработен во полициска станица на ОВР Пробиштип при СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, предвидено во член 143 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР.

Како што наведуваат од МВР, пријавениот, во својство на полициски службеник, на 27.03.2022 година при извршувањето на службени дејствија на јавно место во село Добрево, општина Пробиштип, неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување врз едно лице од пробиштипско село.