Упатство за гласање
Државната изборна комисија објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во неколку точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места.
Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на изборите:
1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК.
2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.
3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.
4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта или патна исправа, односно лична
карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.
5. Гласачот става отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација, а доколку гласачот нема десен показалец се зема отпечаток од показалецот од левата рака или во случај на гласачот да му недостигаат овие два прста се зема отпечаток од наредниот прст од десната рака.
6. Доколку гласачот нема две раце гласачот се внесува во техничката опрема со пребарување преку неговиот единствен
матичен број (ЕМБГ).
7. Доколку УБИГ не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прсти со отпечатокот од прсти на гласачот во електронскиот избирачки список, гласачот се внесува во УБИГ преку отчитување на личниот документ на МРЗ скенерот или преку внесување на единствениот матичен број (ЕМБГ), а потоа гласачот става отпечаток од прст на УБИГ.
8. По потврдувањето на идентитетот, гласачот го става својот потпис во изводот од Избирачкиот список.
9. Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, му задолжително се става печат на предната страна
на местото определено за печат и потоа му се дава на гласачот.
10. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван.
11. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот/името на листата со хемиско
пенкало со мастило во сина боја.
12. Превитканото гласачко ливче гласачот го става во гласачката кутија.
13. Гласачот го подигнува документот за лична идентификација.
14. Гласач кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со Изборниот
законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако не доведе со себе лице кое ќе му
помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на гласачите. Лицето не смее да
влијае врз одлуката на гласачот.
15. Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.
16. Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.
17. Забрането е носење оружје на гласачкото место.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст
-
Малолетник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
-
Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп
-
Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните
-
Претреси во Штип, пронајдено оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Фон дер Лајен: Правиме се за земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер, но потребно е да се разработат и уставните измени