Упад во Министерството за здравство на Грција за поддршка на осудениот терорист Куфодинас
Група од околу 60-70 млади лица рано утрово упадна во Министерството за здравство на Грција, фрлија летоци, закачија пано и извикуваа слогани за поддршка на барањата на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист од организација „17 ноември“, кој веќе 42 дена штрајкува со глад, јави дописничката на МИА од Атина.
„Солидарност до борецот Димитрис Куфодинас“ и „Штрајк со глад во ќелиите за достоинство и слобода“, беа дел од слоганите што ги извикуваа откако влегоа во министерството, а не ги спречија вработените да влезат во објектот за да стигнат на нивните работни места.
Упадот во Министерството за здравство на Грција, лицата го пренесуваа во живо на интернет.
Според грчките медиуми, приведени се 65 лица.
Димитрис Куфодинас, еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“ е осуден на 11 доживотни казни, а на 8 јануари започна штрајк со глад и бара да биде префрлен во затворот „Коридалос“ во Атина.
По 40 дена штрајк со глад и над една седмица во болницата во Ламија, му се влоши здравствената состојба и од завчера е на Одделението за интензивна нега.
Куфодинас во декември од затворот во Волос беше пренесен во затвор со висока безбедност, а неговото барање е да биде префрлен во Атина.
Ново на Сител
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина