УНРВА: Палестинци тепани и сексуално злоставувани во израелските затвори
Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) подготви интерент извештај кој циркулира во Обединетите нации, во кој се зборува за широко распространето злоставување на Палестинците во израелските притворни центри, објави лондонски Гардијан, наведувајќи дека има увид во документот.
Внатрешниот извештај на УНРВА опишува широко распространета злоупотреба на Палестинците во израелските притворни центри, што, како што се наведува вклучува тепање, напади со кучиња и сексуални напади.
Извештајот на УНРВА главно се заснова на сведочењата на палестинските затвореници кои беа ослободени од декември 2023 година на преминот Керем Шалом, каде што персоналот на УНРВА беше присутен за да обезбеди хуманитарна поддршка.
Во извештајот, кој кружи во ОН, се наведува дека од декември 2023 година се ослободени нешто повеќе од 1. 000 затвореници. Сепак, се проценува дека повеќе од 4.
000 мажи, жени и деца биле уапсени во Газа од почетокот на конфликтот, предизвикан од упадот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1. 200 Израелци, главно цивили.
Израел ги негира обвинувањата за злоупотреба, велејќи дека тоа е пропаганда поттикната од Хамас, пишува Гардијан.
Ново на Сител
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот