Уништувањето на ИД останува приоритет на Обама
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека уништувањето на групацијата Исламска држава (ИД) останува негов приоритет број еден и нагласи дека џихадистите продолжуваат да губат територии во Ирак и Сирија.
- Продолжуваме да извршуваме напади врз нивното раководство, врз нивните финансиски мрежи и нивните инфраструктури. Ќе ги следиме и ќе ги победиме, изјави Обама пред состанокот во Белата Куќа со високи воени команданти и Здружениот генералштаб на армијата на САД.
- Како што видовме и во Турција и во Белгија, ИД се уште имаат капацитет да извршуваат сериозни терористички напади, призна претседателот, но напомена дека ќе ги прошири напорите на меѓународната коалиција против ИД.
- Таа битка ќе биде тешка, но ќе победиме. Работиме за да ја зајакнеме кампањата против ИД... Уништувањето на ИД е мој приоритет број еден. Се разбира не станува збор само за воена операција, туку и за реален напор во сферата на дипломатијата и разузнавањето, истакна Обама, кој беше придружуван од министерот за одбрана Ештон Картер, началникот на Здружениот генералштаб генерал Џо Денфорд и командантите на регионалните команди на армијата на САД.
Обама напомена дека на состанокот ќе биде направен преглед на одбранбените стратегии и ќе биде разгледано финансирањето на нивното реализирање.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори