Македонија
10. јуни 2021 - 16:37

Уништен дрворедот на улицата ,,Орце Николов‘‘, општината се правда дека дрвјата биле болни

Повеќе од 10 зелени дрва се целосно исечени на улица Орце Николов. Една од најпрепознатливите улици во Дебар маало од денеска има нов лик. Поради реконструкцијата општина Центар ги отстранува и стеблата кои се белег на оваа населба. Жителите се револтирани зошто се уништува изворот на кислород. 

Проектот ослободување на заробени стебла на Град Скопје почна токму од оваа улица. Две години подоцна истите дрва ги нема.  

Лавина реакции од граѓаните и на социјалните мрежи кои го потсетуваат Богдановиќ на ветувањето дека ниту едно дрво нема да исече на истата улица. За споредба праќаат слики од дрва кои се стари и проблематични, а со години не се реагира. Реагираат и од ДОМ и бараат итно да прекине сечата и да се надокнади зеленилото. Иста реакција и од ВМРО-ДПМНЕ.  

Богдановиќ за на есен најавува нов дрворед од јасени на улицата, а и нова кандидатура за градоначланик на Општината.