УНИЦЕФ: Над 400 убиени и 600 повредени деца од почетокот на конфликтот во Јемен
Околу 400 деца се убиени и над 600 се повредени од почетокот на вооружениот конфликт во Јемен, соопшти УНИЦЕФ.
Во просек умираат осум деца на ден, од почетокот на конфликтот во март годинава. - Децата го носат товарот на жестокиот вооружен конфликт, што не дава знаци дека може да биде брзо решен, се наведува во соопштение на агенцијата на ОН.
- Овој конфликт е голема трагедија за јеменските деца, кои умираат од бомби и куршуми, а тие што преживуваат се под закана од болести и недостиг на храна, наведува во извештајот УНИЦЕФ.
Според агенцијата на ОН 398 деца се убиени, 377 се врбувани за борци, а 1,3 милиони се принудени да ги напуштат своите домови.
УНИЦЕФ наведува дека 10 милиони деца, речиси половина од населението на Јемен имаат потреба од итна хуманитарна помош.
Саудиска Арабија пред еден месец објави дека целосно ќе ги финансира побараните од ОН 274 милиони долари итна помош за Јемен, но според портпарол на УНИЦЕФ Раџат Мадхок агенцијата не добила никакви пари по таа линија.
Ново на Сител
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“