Унгарија спасуваше бод против Македонија
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено на првиот натпревар од Светското ракометно првенство.
„Црвено-жолтите“ одиграа 27:27 (14:14) со фаворизираната Унгарија во салата во Вараждин, каде имавме голема поддршка од македонските навивачи.
Македонија одигра одличен натпревар, и во напад и во одбрана, а голманот Митревски направи неколку чуда кога требаше да ја спасува својата мрежа. Тој го заврши мечот со 12 одбрани.
Сепак нашите ракометари можат да жалат бидејќи ја имаа победата во раце но ја испуштија во финишот на дуелот.
По нерешените 14-14 на полувреме, второто полувреме се играше гол за гол, а резултатот почна да се крши во последните 2-3 минути. Кузмановски погоди за 26-27 на минута и пол до крајот, а Митревски го одбрани следниот напад на Унгарците. Сепак и ние ја загубивме топката заради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27-27 во последните секунди.
Најефикасни во нашиот тим беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија Илиќ постигна шест гола.
Во следното коло Македонија во петок игра со Холандија, а Унгарија излегува против Гвинеја.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати