Уметнички портрет на Јордан Плевнеш
По повод изборот на Јордан Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, денеска во Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи уметнички портрет на овој македонски писател насловен „Македонски состојби“.
За творештвото на Плевнеш ќе говори Доне Донев, а ќе биде изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на професор Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија- Скопје-Париз-Есен-Ротерам.
Кочани е избран како прв град во кој ќе почнат академските свечености по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмата „Македонски состојби“, преведена и играна на голем број јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови кое потекнува од овој град.
Стефан Поп Иванов, првиот покраински секретар на Комунистичката партија на Македонија и неговата ќерка Малина Поп Иванова, единствените Македонци кои фигурираат на листата на рехабилитирани на историскиот 20-ти конгрес на Комунистичката партија на СССР во рефератот на Никита Хрушчов и контраверзната фигура на поетот Цеко Поп Стефанов кој се самоубива на денот на ослободувањето на Скопје - 13 ноември 1944 година.
Политичката синтагма „Македонски состојби“ (“Mazedonische Zustände”), наслов на една од најизведувани драми на Плевнеш, тој ја откри во истражувањата во Виенскиот архив, а значи „да не се знае кој кого убива и во чие име“.
Ново на Сител
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО