Балкан
11. September 2020 - 10:05

Умерен земјотрес регистриран во Грција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово беше регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот бил во морскиот дел во Коринтскиот залив, 50 километри северозападно од Атина.