Украл велосипед и го ставил во багажникот на автобусот со кој пристигнал, уапсен Словенец во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за кражба.
-На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој би потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија, соопштуват од Јавното обвинителство.
Откако била пријавена кражбата, полициски службеници го легитимирале и го претресле осомничениот, а во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама наркотична дрога – марихуана.
Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оценил дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот