Македонија
7. April 2023 - 12:32

Украл 4 килограми марихуана од фабриката во која работел

Едно лице доби притвор откако полицијата го фатила со четири килограми марихуана кои ги извадил од фабрика на производство за масло од канабис во битолско Кравари каде што и работел.

Како што информира полицијата минатата недела неколку лица меѓу кои и еден албански државјанин организирале изнесување на марихуана од фабриката и со автомобил се обиделе да ја пренесат на друга локација, но полицијата пресретнала и ги привела. Кривични пријави заработија уште две лица како и спственикот на фабриката во која биле откриени и други нерегуларности.

„СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Кравари, битолско и против Д.А.(38) од Битола, управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. На 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во с.Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. СВР Битола, исто така, поднесе кривична пријава и против А.Б.(51) од Република Албанија, со привремен престој во Битола, А.Ј.(26) од  Битола и А.Ј.(58) од Битола, првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“,  казниво по член 215 од Кривичниот законик.  На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена“, пишува во соопштението испратено од МВР.