Свет
19. May 2024 - 10:06

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

– Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон.