Украинско гранатирање уби четири лица од едно семејство, објави гувернерот на Белгород
Четири лица загинаа во украинското артилериско гранатирање на селото Николскоје во руската област Белгород, кое граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.
Четворицата – брачен пар, баба и 17-годишно момче загинаа во директен удар во нивната куќа. Според Гладков, едно девојче преживеало и е на интензивна нега.
На „Телеграм“ Гладков објави и дека единиците за противвоздушна одбрана во областа доцна синоќа собориле осум воздушни објекти.
-Никој не е повреден, но паѓањето на остатоци оштети покриви на индустриски објекти и куќи, прецизира тој.
Белгород е предмет на чести напади од 2022 година, но во последниве месеци тие станаа поинтензивни, со напад на крајот на декември минатата година во кој загинаа 25 луѓе.
Илјадници украински цивили се убиени во руските напади. Двете страни тврдат дека не се насочени кон цивили.
Ново на Сител
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил