Украински сили: Продолжуваат руските напади во Украина

Украина синоќа беше нападната од 16 руски беспилотни летала, соопштија рано утрово преку Телеграм украинските воздухопловни сили. Нивната команда објави и дека 11 од 16 беспилотни летала биле соборени во централните, западните и источните области.
Мета беше главниот град Киев и западната провинција Лавов.
Шефот на градската управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека украинската противвоздушна одбрана ги соборила сите беспилотни летала што се движеле кон главниот град на Украина, додека гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки денеска рече дека три од шесте беспилотни летала биле соборени, додека останатите три го погодиле округот што граничи со Полска.
Според украинските воздухопловни сили, нападите биле извршени од источниот брег на Азовското Море и од руската провинција Бријанск, која граничи со Украина.
Украинската армија во својот редовен извештај утринава соопшти дека руските сили во текот на претходните 24 часа извршиле 34 воздушни напади, еден ракетен напад и 57 рунди противвоздушен оган. Во извештајот објавен на Фејсбук се наведува дека остатоците кои паѓале ја погодиле јужната провинција Херсон и оштетиле седум куќи и една градинка.
Ново на Сител
-
Стартува новата академска година - со бројни свечености одбележан првиот академски час
-
Законот за амнестија се уште патува до Собранието - во каква постапка ќе се носи?
-
Над 70 места останаа слободни во средното текстилно училиште во Штип
-
Прва Ајваријада во Босилово
-
Курти: Целта на нападот во Бањска беше анексија на северот на Косово и коридор кон Србија
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако мнозинството го протне Законот за амнестија со европско знаме
-
Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик - се враќа и делото „злоупотреба на службената положба“