Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“
Украинскиот пратеник Олексиј Хончаренко изјави дека последните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина биле „непријатни за слушање“.
Во интервју за Би-Би-Си, Хончаренко истакна дека прашањето не е за навреденост: „Не сме во градинка – ова е премногу сериозно“. – Секојдневно се убиваат луѓе, секојдневно умираме, додаде тој.
Пратеникот нагласи дека, без разлика кој што зборува, главната цел на Украина мора да остане завршување на војната со зачувување на нејзиниот суверенитет.
– Не ни треба само да седиме на преговарачка маса.
Нашата цел треба да биде договор кој ќе ни го гарантира суверенитетот – што значи сопствена армија, воена индустрија и право да одлучуваме за нашата иднина, вклучително и за интеграцијата во ЕУ и НАТО, рече Хончаренко.
Истовремено, тој нагласи дека Украина не смее да ја изгуби поддршката на САД како сојузник и дека треба да ја обедини Европа околу себе.
– Претседателот Трамп исправно кажа дека меѓу САД и Русија има океан, но меѓу Европа и Русија се наоѓа Украина, додаде пратеникот.
Изјавата на Хончаренко доаѓа по средбата меѓу американски и руски претставници во Саудиска Арабија, каде што Доналд Трамп изјави дека верува дека има моќ да ја заврши војната во Украина.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека било „изненадување“ што Украина не била поканета на овие разговори.
На тоа Трамп одговори дека Украина имала три години да стави крај на војната и воедно ја обвини Украина дека ја почнала војната.
– Верувам дека имам моќ да го прекинам овој конфликт, рече Трамп за војната што започна со руската инвазија на Украина.
Зеленски ја одложи својата посета на Саудиска Арабија за 10 март, а Киев повтори дека нема да прифати никакви договори за Украина без нејзино учество.
Во Ријад, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Москва нема да прифати присуство на НАТО сили во Украина како дел од каков било мировен договор.
Од друга страна, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека разговорите се „прв чекор во долг и тежок процес“ за завршување на војната.
Ново на Сител
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ