Украински медиуми: Рускиот генерал Кирилов е убиен од СБУ
Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на радијациските, хемиски и биолошки одбранбени трупи на руските вооружени сили, беше убиен на 17 декември во операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави извор од агенцијата за Киев Индипендент.
Кирилов и уште еден руски војник загинаа во експлозија во Москва. Украина претходно го обвини командантот за употреба на забрането хемиско оружје во војната против Украина.
Според изворот, експлозивот прикачен на скутер се активирал кога Кирилов и неговиот помошник се приближиле до влезот на куќата на Рјазански проспект во Москва.
„Кирилов беше воен злосторник и целосно легитимна цел, бидејќи даваше наредби за употреба на забрането хемиско оружје против украинската војска. . .
Одмаздата за воените злосторства е неизбежна“, изјавилл изворот, објави Киев индипендент.
Ново на Сител
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?