Украинска армија: Има борби со руските сили во непосредна близина на Киев
– Украинската армија соопшти дека има борби со руските сили во непосредна близина на главниот град Киев.
„Украинските вооружени сили се борат во областите на населбите Димер и Инванкив“, соопшти армијата на Киев на својата Фејсбук страница.
Димер е околу 45 километри северно од Киев, додека Иванкив е околу 60 километри северозападно од главниот град на Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија. Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.
Кулеба повторно повика на строги санкции против Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин, повикувајќи ги земјите да ги прекинат сите врски со Москва и „да ја исфрлат Русија од секаде“. „Стоп за Путин. Изолирајте ја Русија“, напиша тој.
Украинската централна банка ги забрани плаќањата на субјектите во Русија и Белорусија, како и операциите што ги вклучуваат валутите на двете нации, соопшти регулаторот денеска, еден ден откако Русија започна целосна инвазија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година