Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ
Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак.
– Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции, изјави Черни
Тој додаде дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ ја разоткри слабоста на рускиот претседател Владимир Путин и ги охрабри руските елити да се борат меѓу себе за моќ.
Медиумите, исто така, сугерираат дека бунтот предизвикал тензии меѓу политичкото и военото раководство на Русија.
Си-ен-ен претходно соопшти дека одредени личности меѓу руските разузнавачи и воениот персонал можеби биле предупредени за бунтот и одлучиле да не се мешаат.
Ново на Сител
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал