Свет
10. April 2022 - 10:52

Украина се согласи на девет хуманитарни коридори во источниот дел од земјата

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека Киев се согласил за девет хуманитарни коридори, со цел да им помогне на луѓето да избегаат од жестоките борби во источниот дел на земјата.

Жителите можат да ги напуштат областите и со приватни автомобили.

– Сите рути за хуманитарни коридори во регионот на Луганск ќе функционираат доколку руските војници го почитуваат прекинот на огнот, објави Верешчук на платформата Телеграм.