Свет
15. July 2022 - 12:49

Украина нема да објавува официјален број на воени жртви до крајот на војната

Украина нема да објавува официјален број на воени жртви до крајот на војната, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

Малиар како причина за недостигот на владини податоци ја наведе потенцијалната штета од користењето на информациите за жртвите за понатамошна руска стратегија.