Украина најави „новогодишно примирје“ од полноќ
Украина вчера соопшти дека постигнала договор за „новогодишно примирје“ со проруските сили, пренесуваат француските медиуми.
Советничка на преговарачот на претседателот Петро Порошенко во преговорите изјави дека во Минск е постигнат нов договор што ќе стапи во сила ноќеска на полноќ.
- Имаме договор за целосен и безусловен прекин на огнот од полноќ меѓу 22 и 23 декември, напиша Дарка Олифер на својот Фејсбук профил.
Таа изјави дека оваа иницијатива била неопходна за цивилите од истокот на земјата да можат во мир да ги минат божиќните и новогодишни празници.
Проруските преговарачи засега не ја потврдија оваа вест, прецизираат француските медиуми. Двете страни и во септември постигнаа договор за примирје со кое значително беше намелена артилериската стрелба долж 30 километри широката тампон зона што територијата со која управуваат проруските сили ја оделува од остатокот на Украина.
Меѓутоа, новиот раст на насилството од минатата недела го загрози ова примирје.
Обединетите нации проценуваат дека од почетокот на судирот во Украина, во март 2014 година, погинаа повеќе од 9.000 лица, главно цивили.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата