Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
Украинската војска соопшти дека извршила напад врз нафтена база во рускиот град Енгелс, која служи за снабдување на военото аеродромско леталиште каде што се базираат стратегиски бомбардери.
Според Генералштабот на Украина, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. „Овој напад создава сериозни логистички проблеми за руската стратегиска авијација и значително ја намалува способноста на окупаторите да извршуваат напади врз украинските градови“, стои во објавата на украинската војска на Телеграм.
Олександр Камишин, советник на украинскиот претседател, изјави дека во нападот се користеле украински оружја со долг дострел.
Руските власти од регионот Саратов потврдија дека напад со украински дрон предизвикал голем пожар на индустриски објект во областа.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени