Украина: Го уништивме Саратов, голем брод со 20 тенкови и 400 војници
Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно информирано.
„Според ажурираните информации, големиот десантен брод Саратов е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск“, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.
– На Саратов уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе, појасни Антун Герашченко.
Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД