-->
-->
Украина бара по „забрзана постапка“ членство во НАТО
-->
Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО“, рече тој во видео обраќањето. Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.
Украинскиот лидер додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател. „Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња