Македонија
7. August 2018 - 14:43

Украден „Ровер 620“ во Скопје

Крадците не запираат, украдено возило од паркинг во Скопје. Според информациите на полицијата, вчера во 9 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Г. (59) од Скопје пријавил дека во периодоот од 3 август до вчера од паркинг на ул. „Ѓорѓи Димитров“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Ровер 620“ со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.