Укинување на маските во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести
Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз е една од препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗК).
– Денеска имавме редовен состанок на Комисијата за заразни болести. Најпрво ја разгледавме епидемиолошката состојба во државата и заклучивме дека моменталните услови ни овозможуваат да размислуваме за намалување на рестриктивните мерки и се согласивме да препорачаме укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор. Од оваа мерка се исклучок здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти или како да ги класифицираме останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна на прес-конференција претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил