УЈП објави листа со имиња на луѓе и фирми кои должат за данок
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата се објавени 1.730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3.375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН