УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата
Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, ги информира Управата за јавни приходи (УЈП) даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност.
- Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, барањата за издавање на нови кодови да ги поднесат преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи “ во подмени „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат поставени на вашите профили на системот е-Даночни услуги во наведеното мени, велат од УЈП.
Дополнително, додаваат, информиравме дека обврзниците кои се одлучиле МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати.
Најавуваат дека Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот начин на пресметка на платите.
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор