УЈП наскоро ќе ги достави записниците од втората контрола до ЈСП и приватните превозници
Управата за јавни приходи (УЈП) има спроведено два типа на контроли во ЈСП „Скопје“ и во приватните автобуски превозници „Макексперс“ и „Слобода превоз“. Записниците од првата контрола веќе им се доставени, а наскоро ќе ги доставиме и од втората контрола, најави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
- Првичните контроли за деловните односи кои ги имаа приватните превозници спрема ЈСП ги имаме завршено со цел да ги видиме обврските кои ги има ЈСП кон нив. Дел од нив веќе сами ги објавија записниците од завршените контроли. Врз основа на тоа што првично го имаме утврдено во рамки на контролата за деловни односи, ние направивме проширување по основ на ДДВ и во ЈСП и кај двата приватни превозници. При крај сме и во делот на втората контрола и наскоро ќе ги доставиме записниците до даночните обврзници, посочи Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата