Македонија
13. January 2022 - 12:49

УХМР: Утре температури до минус 13 степени

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури утре ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР.