УХМР со убави вести за првиот ден од пролетта - еве што не чека
Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.
На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 1 до 8 степени и дневни температури од 14 до 23 степен. До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе услови времето да биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток.
Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб