Македонија
8. January 2017 - 12:01

УХМР со нова прогноза за времето

Снежна покривка до изутрина (во см.): 8 Претор, Д. Капија, 9 Струмица, Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип, Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Кр. Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране, 78 Маврово.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 1 Битола, Прилеп.

Времето денес : Променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег особено кон крајот на денот на североисток. Ќе дува умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени.

Метеоролошки параметри за Скопје: Tемпература:  -8 °C, P= 984 hPa, U= 54 %, V= 5 m/s.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата.
 
На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.