Македонија
9. March 2024 - 14:20

УХМР: Од понеделник обилни и поројни дождови проследени со грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопшти УХМР.
Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец..

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.

„Во почетокот на следната седмица на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет“, стои во соопштението на УХМР.