УХМР најавува поголемо невреме: Поинтензивни врнежи и снег

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 1 Битола, Штип, Берово, 5 Кр. Паланка, 6 Скопје-Петровец, 7 Прилеп, 10 Тополчани, Крушево, 12 Претор, 19 Куманово, 35 Скопје-З. Рид, 44 Охрид, 71 Дебар, 75 Лазарополе, 84 Тетово, 130 Маврово.
Времето денес (01.12 2017 год.): Облачно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, пообилни во југозападните, а потоа и во источните делови, каде што се очекува да наврнат и над 60л/м 2 . Во јужните делови ќе има услови за појава на грмежи и краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.
Во Скопје температура до 11 степени.
Утре врнежите ќе бидат поинтензивни на крајниот запад и исток (локално над 25л/м 2) и понекаде ќе бидат проследени со грмежи. Преку денот врнежите ќе намалуваат. Во ноќта кон недела и в недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница