УХМР: Март многу топол и натпросечно врнежлив
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец март 2025 година се карактеризира како многу топол и просечно до натпросечно врнежлив, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР.
Средномесечната температура се движеше од 3,9°Ц во Лазарополе до 11,3°Ц во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната беше 2,4°Ц над просечната на ниво на држава.
Највисоката максимална температура е измерена на 15 март во Битола и изнесуваше 28,8 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е регистрирана во Лазарополе, на 19 март и изнесуваше -12,7 степени.
Во март годинава, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 36мм во Битола до 132мм во Маврово.
Врнежите беа од дожд, град и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, 41мм беше регистрирано во Гевгелија на 30 март. Во последните шест дена од месецот на повеќе локации во државата, имаше циклонален продор со континуирани ефективни и еднодневни, краткотрајни поројни врнежи пропратени со град и грмежи.
На Попова Шапка на 1 март е измерена највисока снежна покривка од 26см. Снежната покривка беше застапена само во првата декада од месецот. Забележана е и појава на мраз во периодот 18 до 21 март.
Споредено со мартовската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 38% над просечната на ниво на држава.
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот